ИЗРАЕЛ НЕ ПРИФАЌА ПРИМИРЈЕ, ОВА Е ВРЕМЕ ЗА ВОЈНА, КАЖА НЕТАНЈАХУ

    ИЗРАЕЛ НЕ ПРИФАЌА ПРИМИРЈЕ, ОВА Е ВРЕМЕ ЗА ВОЈНА, КАЖА НЕТАНЈАХУНетанјаху вели дека копнената офанзива создава услови за спасување на заложниците (Фото: АП)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрли можноста за примирје во воените операции во Газа, истакнувајќи дека тоа би значело предавање.

    Исто како што САД не би прифатиле примирје по бомбардирањето на Перл Харбор или по терористичките напади од 11 септември, Израел нема да се согласи на прекин на непријателствата по ужасните напади на Хамас од 7 октомври. Повиците на примирје се повици Израел да му се предаде на Хамас, да им се предаде на терористите. Библијата вели дека има време за мир и време за војна. Ова е време за војна. Денес повлекуваме линија меѓу цивилизацијата и варварството. Израел не ја почна војната, но ќе победи во неа“, кажа Нетанјаху.

    Тој објави видеопорака откако војската ослободи припадничка на Израелските одбранбени сили која беше во заложништво на Хамас. Ори Мегидиш била ослободена за време на израелската копнена операција во Газа.

    Израел вели дека палестинските милитантни групи држат над 220 заложници во Газа, од кои досега беа ослободени само четворица.

    Копнената офанзива создава услови за нивно спасување. Хамас нема да го направи тоа ако не биде под притисок. Посветени сме да ги вратиме сите заложници дома“, кажа Нетанјаху.

    Хамас денеска објави видео кое прикажува три заложнички, што Нетанјаху го опиша како сурова психолошка пропаганда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира