ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА НЕ ГИ ПОВЛЕКУВА СВОИТЕ СИЛИ ОД ЈУЖЕН ЛИБАН ЗАШТО ХЕЗБОЛАХ НЕ Е ЦЕЛОСНО РАЗОРУЖАН

    ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА НЕ ГИ ПОВЛЕКУВА СВОИТЕ СИЛИ ОД ЈУЖЕН ЛИБАН ЗАШТО ХЕЗБОЛАХ НЕ Е ЦЕЛОСНО РАЗОРУЖАНИзраелските сили уништија села и инфраструктура во јужен Либан, откако им наредија на жителите јужно од реката Литани да си заминат (Фото: АП)

    Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел ќе продолжи да ја држи целата територија во јужен Либан што ја окупираше досега. Тој кажа дека израелските сили воспоставиле „зона на безбедност“, што се протега десет километри во Либан.

    Договорот за прекин на огнот со Либан не бара од Израел да ги повлече своите сили од јужен Либан, каде што тие уништија села и инфраструктура, откако им наредија на жителите јужно од реката Литани да си заминат. Израел сега контролира околу 8% од територијата на Либан.

    „Израелската војска ќе продолжи да ги урива куќите во либанските села кои се користат од Хезболах и ќе ги држи сите места што ги освои и расчисти“, рече Кац.

    Тој нагласи дека Хезболах мора да биде разоружан јужно од реката Литани, што ќе се постигне или со политички или со воени средства.

    Хезболах соопшти дека ќе продолжи „да го држи прстот на чкрапалото во случај на какво било предавство од Израел“ за време на тековниот десетдневен прекин на огнот во Либан. Проиранската група не беше вклучена во разговорите за прекин на огнот, туку Израел преговараше со либанската влада.

    „Секое примирје мора да важи на целата либанска територија и не смее да му дозволи на израелскиот непријател никаква слобода на движење“, кажа Хезболах.

    Иран го поздрави прекинот на огнот во Либан, опишувајќи го како дипломатски успех и резултат на отпорот на Хезболах.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира