ИЗВЛЕЧЕНИ ТЕЛА НА 19 ЗАГИНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО БИХ

    ИЗВЛЕЧЕНИ ТЕЛА НА 19 ЗАГИНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО БИХНајпогодени се општините Јабланица и Коњиц, а поплавени се и Крешево, Кисељак, Фојница и Вареш. (Фото: ФЕНА)

    Пронајдени телата на 19 лица кои загинаа во БиХ, откако обилните врнежи предизвикаа свлечишта  во Херцеговина и во централна Босна во текот на ноќта меѓу 3 и 4 октомври. Најпогодени се општините Јабланица и Коњиц, а поплавени се и Крешево, Кисељак, Фојница и Вареш. Досега се пронајдени најмалку 16 тела на загинатите во Херцеговина и три тела на загинати во централна Босна. Главниот пат од Јабланица до Мостар се урнал во реката Неретва, така што од Сараево до Мостар може да се оди само по алтернативни патишта.

    Неколку реки се излеаа, некои патишта беа оштетени, а некои домови беа поплавени поради обилните дождови што ја зафатија и Црна Гора во ноќта меѓу 3 и 4 октомври. Одредени патишта во Цетиње, лоцирани на 30 километри од Подгорица, беа привремено затворени за сообраќај. На бреговите на Морача и Рибница во Подгорица поплавени се баровите на плажата покрај овие две реки.

    Од Агенцијата за водено подрачје на Јадранско Море денеска потсетија дека два дена претходно издале предупредување за можни поплави.

    Во предупредувањето, меѓу другото, се прогнозира и пораст на водостоите, особено во делот на плавината Тихаљина, Младе и Требижат во западна Херцеговина и средна и долна Неретва со нејзините притоки, поради пообилните врнежи, кои се очекуваат во периодот од 3 до 4 октомври, врз основа на метеоролошката прогноза објавена од Федералниот хидрометеоролошки завод на БиХ. Известувањето за прогноза за можно зголемување на водостојот и за појава на можни поројни текови се однесува на градовите Коњиц, Јабланица, Мостар, Чапљина, Груде, Љубушски и Широки Бријег.

    Надлежните институции беа советувани да ја следат состојбата и да постапуваат во согласност со нивните овластувања, придржувајќи се до Федералниот оперативен план за одбрана од поплави, а дополнителна претпазливост им беше препорачана на службите кои спроведуваат мерки за заштита, спасување луѓе и материјални добра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира