ЈА ГЛЕДАМЕ ГЕРМАНИЈА ЗА ИНСПИРАЦИЈА, Ѝ РЕЧЕ ГИР НА МЕРКЕЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Берлин,(ДПА)

    ЈА ГЛЕДАМЕ ГЕРМАНИЈА ЗА ИНСПИРАЦИЈА, Ѝ РЕЧЕ ГИР НА МЕРКЕЛ

    Kанцеларката Ангела Меркел како да прави напори за да добие една искра гламур во често сивиот политички живот на Германија, откако во четвртокот го додаде Ричард Гир на листата на холивудски ѕвезди што ги сретнала. Минатата година таа го покани американскиот актер и политички активист Џорџ Клуни за да дискутираат за бегалската криза.

    Оваа година, повод за средба со лидерот на најголемата светска економија беше кампањата на Гир за поддршка на независноста на Тибет од Кина и на човековите права. Меркел и ѕвездата на „Убава жена“ и „Офицер и џентлмен“ зборуваа околу 45 минути за „ситуацијата во Тибетскиот регион“, вели портпаролот на канцеларката во твит.

    Но Меркел исто така се надева дека здружувањето со холивудските ѕвезди ќе и даде повеќе шарм на нејзината кампања за четврти мандат на државните избори, закажани за подоцна годинава. Таа претходно се има сретнато со американскиот актер Том Хенкс и холивудскиот режисер Стивен Спилберг. Подетални информации во врска со разговорот меѓу Меркел и Гир не беа објавени.

    Гир го посети Берлин по повод премиерата на неговиот последен филм, „Вечерата“ на Берлинскиот филмски фестивал што почнува вечерва. Гир сѐ уште продолжува да го критикува претседателот Доналд Трамп, и неговото претседателство го нарече „кошмарот на сите“. Вчера, Гир ја опиша Германија како инспирација меѓу хаосот кој владее во Америка, со Трамп како претседател.

    „Доаѓам од една држава која е многу хаотична во моментов“, изјави Гир во Берлин. „И искрено, ја гледаме Германија за инспирација.“

    Германија и владата покажаа смелост, особено со бегалската политика, рече Гир, повикувајќи се на контроверзната одлука на Меркел во септември 2015, да ги отвори границите на Германија за милион бегалци.

    67-годишниот холивудски актер и политички активист после средбата, зборуваше со Германскиот активист за човекови права и политичарката од Зелената партија Калудија Рот. Берлинале се гордее дека е најполитичкиот филмски фестивал на светот. Пријател на Далај Лама, Гир исто така водеше кампања за свест за СИДА и правата на племињата во светот, опишувајќи ја интервенцијата на САД во војната на Ирак како „трагедија“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира