„ЈАГУАР ЛЕНД РОВЕР“ ГО ЗАПРЕ ИЗВОЗОТ НА КОЛИ ВО САД ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП

    „ЈАГУАР ЛЕНД РОВЕР“ ГО ЗАПРЕ ИЗВОЗОТ НА КОЛИ ВО САД ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМПСАД се втор најголем извозен пазар за автомобилската индустрија во Велика Британија, по Европската Унија. (Фото: Гети)

    Автомобилската компанија „Јагуар Ленд ровер“ (ЈЛР) објави дека ќе ги паузира сите испораки во САД бидејќи работи на „новите услови за тргување“ откако претседателот Доналд Трамп воведе царини изминатава недела. На 3 април стапи на сила царината од 25 отсто за увоз на автомобили, една од неколкуте мерки што ги најави Трамп, кои ги потресоа глобалните синџири на снабдување. САД се втор најголем извозен пазар за автомобилската индустрија во Велика Британија, по Европската Унија.

    Во соопштението, портпаролот на „Јагуар Ленд ровер“ рече дека компанијата „презема некои краткорочни активности, меѓу кои и пауза на испораката во април, додека ги развиваме нашите среднорочни планови“. Производителот на автомобили со седиште во Ковентри, рече дека САД се „важен пазар за луксузните брендови на ЈЛР“.

    Овој потег следи откако Институтот за истражување на јавна политика предупреди дека над 25.000 работни места во производството на автомобили во Велика Британија би можеле да бидат загрозени поради царините.

    Повеќе автомобили се извезуваат во САД од Велика Британија од која било друга стока. Во 12-месечен период до крајот на третиот квартал од 2024 година, трговијата беше вредна над 10 милијарди долари. Почетниот бран царини за автомобили стапи на сила од 3 април, а даноците за увоз на автоделови треба да следат следниот месец. Посебна царина од 10% ќе биде воведена за сите други увозни производи од Британија, а во сила ќе стапат повисоки стапки и за некои други големи економии.

    Глобалните берзи претрпеа големи загуби во последниве денови, бидејќи фирмите се справуваат со тоа како да се прилагодат на новата трговска средина. Индексот ФТСЕ 100 – кој ги мери перформансите на 100-те водечки фирми котирани на Лондонската берза – падна за 4,9% во петокот, што е негов највисок пад од почетокот на пандемијата. Сличен пад забележа и берзите во Германија и Франција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира