ЈАПОНИЈА ЈА УНИШТИ СВОЈАТА НОВА РАКЕТА ПО НЕУСПЕШНОТО ЛАНСИРАЊЕ

    ЈАПОНИЈА ЈА УНИШТИ СВОЈАТА НОВА РАКЕТА ПО НЕУСПЕШНОТО ЛАНСИРАЊЕ„Х3“ беше првата ракета дизајнирана од Јапонија во последните три децении (Фото: Гети)

    Јапонија беше принудена да ја уништи својата нова ракета по денешното неуспешно лансирање. Тамошната вселенска агенција извести дека испратила наредба за самоуништување до ракетата „Х3“ откако еден од моторите откажал неколку минути по полетувањето.

    Владата изрази големо жалење за неуспешното лансирање на првата ракета дизајнирана од Јапонија во последните три децении. Таа беше претставена како поевтина алтернатива на „фалкон 9“ на „СпејсЕкс“ за лансирање комерцијални и владини сателити во Земјината орбита.

    Инженерите денеска сакаа да ја испратат 57 метри долгата ракета заедно со надзорен сателит, способен да детектира лансирања на севернокорејските проектили. Сепак, набргу по полетувањето била донесена одлука за уништување на ракетата откако било забележано намалување на брзината во втората фаза од лансирањето.

    „За разлика од претходните откажувања и одложувања, ова беше целосен неуспех. Ова ќе има сериозно влијание врз иднината на јапонските вселенска политика, вселенски бизнис и технолошка конкурентност“, изјави Хиротака Ватанабе, професор по вселенска политика на Универзитетот во Осака.

    Доколку лансирањето беше успешно, Јапонија планираше да ја лансира ракетата шест пати годишно во следните две децении.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира