ЈАПОНИЈА ОВАА ГОДИНА ЌЕ ИСПУШТИ РАДИОАКТИВНА ВОДА ОД ФУКУШИМА ВО МОРЕТО

    ЈАПОНИЈА ОВАА ГОДИНА ЌЕ ИСПУШТИ РАДИОАКТИВНА ВОДА ОД ФУКУШИМА ВО МОРЕТОДемонтирањето на нуклеарката почна, но би можело да трае со децении (Фото: ЕПА)

    Јапонија оваа година ќе испушти во морето милион тони вода од уништената нуклеарна централа Фукушима. Властите кажаа дека по нејзиниот третман, нивото на најголемиот дел од радиоактивните честички ги задоволува националните стандарди.

    И Меѓународната агенција за атомска енергија кажа дека предлогот усвоен од јапонската влада во 2021 е безбеден, додека соседните земји изразија загриженост.

    Катастрофата во Фукушима во 2011 е најголемиот нуклеарен инцидент од Чернобил. Демонтирањето на нуклеарката почна, но би можело да трае со децении.

    Очекуваме испуштањето на водата да се случи напролет или летово“, изјави секретарот на владата Хироказу Мацуно.

    Секој ден, централата произведува 100 кубни метри загадена вода, која потоа се филтрира и чува во цистерни. Таму максимално можат да се складираат 1,3 милиони кубни метри вода и просторот полека се намалува.

    Водата се прочистува од најрадиоактивните изотопи, но нивото на тритиум е над националниот стандард. Експертите велат дека овој елемент тешко се отстранува од водата, но е штетен за луѓето само во големи дози.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира