ЈАПОНСКОТО ЛЕТАЛО НА МЕСЕЧИНАТА ДОБИ СТРУЈА ПО 10 ДЕНА И ЌЕ ПОЧНЕ СО ИСТРАЖУВАЊАТА

    ЈАПОНСКОТО ЛЕТАЛО НА МЕСЕЧИНАТА ДОБИ СТРУЈА ПО 10 ДЕНА И ЌЕ ПОЧНЕ СО ИСТРАЖУВАЊАТАМодулот не можеше да генерира енергија откако слета на 20 јануари (Фото: ЈАКСА)

    Јапонскиот вселенски модул „СЛИМ“ продолжи со работа откако беше изгаснат една недела поради проблеми со напојувањето. Јапонската агенција за истражување на вселената (ЈАКСА) кажа дека повторно воспоставила контакт со „СЛИМ“, навестувајќи дека техничкиот проблем е поправен.

    Неговите соларни ќелии повторно работат откако промените во условите на осветлувањето му овозможиле да ја фати сончевата светлина“, соопшти ЈАКСА.

    Модулот не можеше да генерира енергија откако слета на 20 јануари бидејќи соларните ќелии беа насочени подалеку од сонцето. Јапонија тогаш стана само петтата земја која успешно спуштила летало на Месечината, по САД, Советски Сојуз, Кина и Индија.

    Модулот работел на батерија неколку часа, пред да биде исклучен, за да се овозможи враќањето на електричната енергија кога ќе се промени аголот на сончевата светлина. Најавено е дека тој ќе го анализира составот на карпите во потрага по назнаки за потеклото на Месечината.

    СЛИМ“ слетал на работ на кратерот Шиоли, на 55 метри од својата предвидена цел. ЈАКСА го опиша тоа како досега невидено прецизно слетување.

    Статистички гледано, многу е тешко да се слета на Месечината и само половина од досегашните обиди биле успешни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира