ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ПОКРЕНА ОБВИНЕНИЕ ЗА ПОБУНА ПРОТИВ КАТАЛОНСКИТЕ ЛИДЕРИ

    ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ПОКРЕНА ОБВИНЕНИЕ ЗА ПОБУНА ПРОТИВ КАТАЛОНСКИТЕ ЛИДЕРИБарањето на јавниот обвинител мора да се одобри од судот. - Хосе Мануел Маса (Фото: Гети)

    Јавниот обвинител на Шпанија повика да бидат покренати обвиненија против каталонските лидери, откако тие во петокот еднострано прогласија независност на регионот.

    Хосе Мануел Маса изјави дека обвиненијата треба да вклучуваат побуна, јавно провоцирање и говори кои поттикнуваат на сецесија.

    Според шпанскиот правен систем, ова барање сега треба да биде разгледано од судија.

    „Каталонските лидери треба да одговараат и за злоупотреба на средствата, што ги искористија за организирање на незаконскиот референдум“, додаде Маса.

    Ова доаѓа истиот ден кога Мадрид ја презеде контролата врз регионалните институции, при што над 150 функционери беа разрешени од своите функции.

    Мадрид објави дека министрите што ќе се појават на своето работно место ќе мора да си заминат во рок од неколку часа, инаку, регионалната полиција Мосос ќе ги избрка со сила.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира