ЈАВНОСТА ПРВПАТ ЈА ВИДЕ ПРИНЦЕЗАТА КЕЈТ ПО МИСТЕРИОЗНАТА ОПЕРАЦИЈА ВО ЈАНУАРИ

    ЈАВНОСТА ПРВПАТ ЈА ВИДЕ ПРИНЦЕЗАТА КЕЈТ ПО МИСТЕРИОЗНАТА ОПЕРАЦИЈА ВО ЈАНУАРИКејт помина 13 ноќи во болница по операцијата, за која не беа објавени никакви детали

    Палатата Кенсингтон ја објави првата фотографија од принцезата Кејт откако таа имаше операција на стомакот во јануари. На фотографијата, војвотката од Велс позира со своите три деца.

    Четириесет и двегодишната Кејт помина 13 ноќи во болница по операцијата, за која не беа објавени никакви детали, освен дека не станува збор за рак. Кралското семејство тогаш кажа дека таа нема да им се врати на своите официјални задолженија до почетокот на април, односно до Велигден.

    Ви благодарам на сите за убавите желби и за постојаната поддршка во изминатите два месеца“, напиша Кејт на социјалните мрежи.

    Палатата Кенсингтон има објавено малку детали за нејзината состојба, додавајќи дека ќе споделат нови информации за закрепнувањето само ако има значајни промени, што покрена бројни шпекулации во јавноста. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира