ЈОТОВА ПОБЕДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИ

    ЈОТОВА ПОБЕДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИЈотова е сојузничка на прорускиот премиер Румен Радев (Фото: АП)

    Илијана Јотова ќе биде прва жена на претседателската функција во Бугарија, покажуваат излезните анкети по денешниот втор круг од изборите. Делумни официјални резултати се очекуваат подоцна денеска.

    Анкетите на неколку организации за испитување на јавното мислење ѝ даваат на Јотова околу 52% од гласовите. Поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров, кој има поддршка од прозападните опозициски партии, добил околу 44% од гласовите.

    Во првиот круг, Јотова, која е сојузничка на прорускиот премиер Румен Радев, имаше освоено 2,8% повеќе гласови од Ѓуров, во услови на слаба излезност од само 23%. Јотова беше в. д. претседателка откако Радев поднесе оставка за да се кандидира за премиер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира