КАКО ДА ПАДНАЛЕ АТОМСКИ БОМБИ, ВЕЛАТ ВЛАСТИТЕ ЗА ПОЖАРИТЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС, ВО КОИ ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 10 ЛУЃЕ

    КАКО ДА ПАДНАЛЕ АТОМСКИ БОМБИ, ВЕЛАТ ВЛАСТИТЕ ЗА ПОЖАРИТЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС, ВО КОИ ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 10 ЛУЃЕПожарите претворија цели населби во прав (Фото: АП)

    Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се зголеми на десетмина, а речиси 10.000 структури се уништени, додека округот продолжува да се бори со пет активни пожари, на кои сила им даваат пустински ветрови.

    Пожарот Палисадс меѓу градовите Санта Моника и Малибу и пожарот Истон кај Пасадена веќе се сметаат за најразорните во историјата на Лос Анџелес, зафаќајќи површина од над 13.700 хектари и претворајќи цели населби во прав и пепел. Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, изјави дека се очекува бројот на загинати да расте.

    Изгледа како атомски бомби да се фрлени во тие области. Не очекувам добри вести, веруваме дека бројот на жртви ќе се зголемува“, кажа Луна.

    Штетите и економските загуби се проценуваат на 135-150 милијарди долари.

    Веќе гледаме напред кон агресивна обнова на Лос Анџелес“, изјави градоначалничката Карен Бас, која Доналд Трамп ја критикуваше за тоа како се справува пожарите.

    Брзо растечки пожар избувна вчера близу Калабасас, еден од најбогатите градови во САД кој е дом на бројни славни личности и затворени заедници. Пожарот Кенет за само неколку часа се проширил на 388 хектари. Властите притоа по грешка испратиле наредба за евакуација на 9,6 милиони жители на Лос Анџелес, иако тоа се однесувало само на областа на пожарот Кенет.

    Ветровите повторно се засилија во текот на ноќта, па предупредувањето за висок ризик од пожари ќе остане на сила и денеска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира