КАНАДСКИТЕ КАМИОНЏИИ НЕ ЈА ПОСЛУШАА СУДСКАТА НАРЕДБА И НАТАМУ БЛОКИРААТ КЛУЧЕН МОСТ НА ГРАНИЦАТА СО САД

    КАНАДСКИТЕ КАМИОНЏИИ НЕ ЈА ПОСЛУШАА СУДСКАТА НАРЕДБА И НАТАМУ БЛОКИРААТ КЛУЧЕН МОСТ НА ГРАНИЦАТА СО САДБлокадата на мостот „Амбасадор“ трае веќе петти ден (Фото: АП)

    Демонстрантите кои се противат на коронамерките и вакцинирањето не ја послушаа наредбата на канадскиот суд и продолжуваат да блокираат клучен мост на американско-канадската граница. Наредбата стапи на сила уште синоќа, но камионџиите и натаму се наоѓаат на мостот „Амбасадор“, кој е важна трговска врска помеѓу Виндзор и Детроит. Поради блокадата беше запрено производството во автомобилските фабрики на двете страни од границата, кои тврдат дека губат по 50 милиони долари на ден.

    Канадскиот премиер Трудо му ветил на американскиот претседател Бајден дека со брза акција ќе ја реши кризата, па канадскиот суд вчера нареди запирање на блокадата на мостот, која трае веќе пет дена.

    „Полицијата на Виндзор издаде јасно предупредување до демонстрантите дека натамошната блокада на мостот е криминално дело. Тоа би можело да доведе до запленување на возила и до забрани за влез во САД“, соопшти полицијата.

    Во исто време, стотици демонстранти продолжуваат со протестите во центарот на Отава, а блокирани се уште два гранични премина со САД.

    „Ако им се придружите на протестите зашто сте уморни од ковид, треба да знаете дека кршите закон. Ја слушнавме вашата фрустрација, време е да си одите дома“, изјави Трудо.

    Премиерот на Онтарио, Даг Форд, ги прогласи протестите за незаконски и воведе вонредна состојба во провинцијата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира