КАЊЕ ВЕСТ ГО ВЕЛИЧЕШЕ ХИТЛЕР И ДОБИ СУСПЕНЗИЈА ОД ТВИТЕР

    КАЊЕ ВЕСТ ГО ВЕЛИЧЕШЕ ХИТЛЕР И ДОБИ СУСПЕНЗИЈА ОД ТВИТЕРТвитер го обвини Вест за поттикнување насилство (Фото: АП)

    Само два месеца по последната забрана, Твитер повторно го суспендираше профилот на Кање Вест и го обвини за поттикнување насилство преку неговите навредливи твитови. Американскиот рапер, кој сега се нарекува Је, објави серија неповрзани постови, при што во еден прикажа симбол кој беше комбинација на свастика и Давидова ѕвезда.

    „Вест ги прекрши нашите правила против поттикнување насилство. Неговиот профил ќе биде суспендиран“, изјави газдата на Твитер, Илон Маск.

    Ова уследи по интервјуто на Вест со познатиот теоретичар на заговори Алекс Џонс, при што лицето му беше покриено со маска. Вест го величеше Адолф Хитлер и раскажуваше за гревот, порнографијата и ѓаволот.

    Во изминатите месеци, Вест често предизвикуваше контроверзи со своите антисемитски и расистички изјави и испади, поради што беше отпуштен од неговата талент агенција, а „Адидас“, „Гап“, „Баленсијага“ и „Вог“ јавно ги прекинаа односите со него. Вест неодамна понуди да ја купи десничарската социјална мрежа Парлер, но оттаму вчера кажаа дека зделката нема да се реализира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира