КАНЈЕ ВЕСТ ЌЕ СЕ ПОЈАВИ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ ВО ОКЛАХОМА НА ИЗБОРИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

    КАНЈЕ ВЕСТ ЌЕ СЕ ПОЈАВИ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ ВО ОКЛАХОМА НА ИЗБОРИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САДВест уплатил 35.000 долари и ќе биде еден од трите независни кандидати во Оклахома (Фото: АП)

    Канје Вест ќе се појави на гласачкото ливче во Оклахома откако ги предал неопходните документи, што следува откако некои извори изјавија дека тој се откажал од претседателската трка.

    Претставник на раперот уплатил 35.000 долари за да може тој да се појави на ливчето, потврди портпаролката на изборната комисија на Оклахома и ќе биде еден од трите независни кандидати, покрај пијанистката Џејд Симонс и бизнисменот Брок Пирс. Советникот на Вест, Стив Крејмер, ден претходно кажа дека тој се повлекол од изборите.

    Вест веќе го пропуштил крајниот рок за пријава за изборите во неколку сојузни држави и нејасно е дали собрал доволно потписи за да се квалификува во останатите, но условите за тоа се разликуваат од една во друга држава. Во Оклахома е потребно да се соберат 35.592 потписи или да се уплатат 35.000 долари, додека во Колорадо сумата изнесува само 1.000 долари.

    Вест ја објави својата кандидатура на 4 јули и потоа изјави дека веќе не го поддржува Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира