КАТАЛОНИЈА ИЗБРА ПРЕГОВОРИ, НА РЕД Е МАДРИД ДА ГО ОМЕКНЕ СТАВОТ

    КАТАЛОНИЈА ИЗБРА ПРЕГОВОРИ, НА РЕД Е МАДРИД ДА ГО ОМЕКНЕ СТАВОТКаталонците ќе почекаат на независна држава, прво ќе се борат за подобра позиција во рамките на Шпанија (Фото: Ројтерс)

    Каталонија попушти, сега е ред на Мадрид да го направи истото.

    Десет дена по крвавиот референдум, претседателот Карлес Пуигдемонт одржа говор во регионалниот парламент во Барселона и ја потврди определбата на Каталонија да биде независна држава, но пред тоа, тој повика на дијалог и на посредување, одложувајќи го применувањето на спорната декларација.

    „Во овој историски момент, сакам да ја следам волјата на народот Каталонија да биде независна држава. Но, денеска правиме гест на одговорност во полза на дијалог“, изјави Пуигдемонт, кој, наводно, бил премислен од претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

    Веднаш по говорот, тој потпиша документ со кој се прогласува независност на Каталонија, за потоа да потпише друг, со кој оваа одлука се одложува.

    Шпанската влада не се огласи официјално по обраќањето на Пуигдемонт.

    Премиерот Маријано Рахој најави дека денеска ќе се обрати во шпанскиот парламент, но претходно во вторникот, тој повтори дека Мадрид останува цврсто на ставот дека не прифаќа преговори со сепаратистите.

    „Шпанија нема да биде поделена, националното единство ќе биде зачувано. Знаеме што сакаат Шпанците и тие треба да знаат дека на владата ѝ е јасно што треба да прави“, кажа Рахој во интервјуто за германскиот весник „Ди Велт“.

    Аналитичарите предвидуваат дека Каталонија со овој маневар ќе се обиде да се избори за поголема автономија и за поголема контрола врз своите финансии.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира