КАТАЛОНИЈА ПРОГЛАСИ НЕЗАВИСНОСТ

    КАТАЛОНИЈА ПРОГЛАСИ НЕЗАВИСНОСТМадрид најави распуштање на каталонската власт во пресрет на одлуката на парламентот во Барселона (Фото: Ројтерс)

    Парламентот во Барселона донесе одлука за прогласување на независност на Каталонија, само ден пред шпанската влада да наметне своја власт во сепаратистичкиот регион.

    Одлуката беше донесена со 70 гласови „за“ и само десет „против“, додека гласањето беше бојкотирано од опозициските пратеници.

    Шпанскиот премиер Маријано Рахој само неколку часа порано најави дека планира да ја распушти каталонската влада, со што Мадрид би презел контрола врз тамошните институции.

    Се очекува Сенатот да го прифати предлогот за активирање на членот 155 од уставот, што му овозможува на Мадрид директно да се вмеша во кој било регион.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира