Разрешените членови на каталонската влада денеска се појавија во судот во Мадрид, како што се соочуваат со обвиненија за побуна и за повикување на сецесија.
Меѓу нив не беше поранешниот претседател Карлес Пуигдемонт, чиј адвокат изјави дека тој ќе остане во Брисел, заедно со уште четворица свои соработници.
„Тој нема да оди во Мадрид. Јас му сугерирав тој да биде испрашан овдека во Брисел“, изјави адвокатот Паул Бекаерт.
Прв кој пристигна во судот беше бившиот потпретседател на Каталонија, Ориол Хункерас, но одби да даде изјава за медиумите.
Девет од повиканите високи каталонски функционери дојдоа во судот денеска и тие два дена ќе бидат испрашувани. За никого засега не е одреден притвор и судот допрва треба да донесе одлука дали ќе бидат покренати официјални обвиненија.
Пуигдемонт претходно изјави дека нема да се врати во Шпанија додека тој и неговите соработници не добијат гаранции за фер судење.
„Тој ќе соработува со властите, но моментално, политичката клима не е добра“, кажа Бекаерт.