ЌЕ ГИ ИСПИТАМЕ ТВРДЕЊАТА НА МЕГАН МАРКЛ ДЕКА ИМАЛО РАСИЗАМ ВО СЕМЕЈСТВОТО, СООПШТИ БАКИНГАМСКАТА ПАЛАТА

    ЌЕ ГИ ИСПИТАМЕ ТВРДЕЊАТА НА МЕГАН МАРКЛ ДЕКА ИМАЛО РАСИЗАМ ВО СЕМЕЈСТВОТО, СООПШТИ БАКИНГАМСКАТА ПАЛАТАВо интервјуто со Опра Винфри, Меган откри дека ѝ било многу тешко да живее како член на британското кралско семејство

    Проблемот со расизмот што го покренаа војводата и војвотката од Сасекс е многу загрижувачки и семејството ќе го решава во приватност, соопшти Бакингамската палата ден по нивното интервју со Опра Винфри.

    „Сеќавањата може да варираат, но тврдењата изречени во интервјуто со Опра Винфри ги земаме многу сериозно. Војводата и војвотката од Сасекс секогаш ќе бидат сакани членови на семејството“, кажаа од британското кралско семејство.

    Бакингамската палата се најде под притисок да одговори на тврдењата на Меган Маркл дека еден член на кралското семејство се интересирал колку темна кожа ќе има нејзиниот син Арчи. Принцот Хари надвор од интервјуто ѝ рекол на Винфри дека тоа не било кажано од кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг, принцот Филип.

    Во интервјуто, Меган откри дека ѝ било многу тешко да живее како член на британското кралско семејство, од кое не добила помош кога ѝ била потребна и дури размислувала за самоубиство.

    „Целото семејство е тажно откако дозна колку тешки и предизвикувачки биле изминативе години за Хари и Меган. Проблемот со расизмот е особено загрижувачки“, соопшти палатата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира