ЌЕ ИМА СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ АКО ПУТИН НЕ ПРИФАТИ ДА ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, КАЖА ТРАМП

    ЌЕ ИМА СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ АКО ПУТИН НЕ ПРИФАТИ ДА ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, КАЖА ТРАМПТрамп кажа дека средбата на Алјаска ќе послужи како „поставување маса“ за скорешна втора средба (Фото: АП)

    Доналд Трамп се закани со сериозни последици ако Владимир Путин блокира мир во Украина, но исто така најави дека тие повторно би можеле да се сретнат по петочниот самит на Алјаска, овојпат и со Володимир Зеленски. Трамп не појасни на какви последици мисли, но кажа дека Русија би можела да добие економски санкции ако претстојната средба биде неуспешна.

    Тој се огласи по денешната виртуелна средба со Зеленски и европските лидери, кои се собраа во Берлин за да разговараат за Украина и претстојниот самит. Запрашан дали Русија ќе се соочи со некакви последици ако Путин не се согласи да ја запре војната, Трамп одговори:

    Да, ќе се соочи. Не сакам да кажам дали ќе бидат санкции или царини, но последиците ќе бидат многу сериозни“.

    Тој кажа дека средбата на Алјаска ќе послужи како „поставување маса“ за скорешна втора средба, која би го вклучила и Зеленски.

    Ако првиот состанок помине добро, брзо ќе следува втор. Сакам тој да се случи речиси веднаш. Ако ме сакаат, и јас ќе бидам таму“, рече Трамп.

    Тој додаде дека имал многу добри разговори со Зеленски и европските лидери.

    Тоа беше многу добар повик, би го оценил со десетка, многу пријателски“.

    Германскиот канцелар Фридрих Мерц кажа дека ако Русија не покаже напредок на самитот на Алјаска, САД и Европа ќе мора да го засилат притисокот.

    Претседателот Трамп го знае овој став, тој го споделува често и затоа можам да кажам дека имавме исклучително конструктивен и добар разговор едни со други“, изјави Мерц.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира