ЌЕ ПРИМИМЕ БЕГАЛЦИ ОД АВГАНИСТАН, НЕМА ДА ИМ ГО СВРТИМЕ ГРБОТ КАКО БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ, ВЕЛИ АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР РАМА

    ЌЕ ПРИМИМЕ БЕГАЛЦИ ОД АВГАНИСТАН, НЕМА ДА ИМ ГО СВРТИМЕ ГРБОТ КАКО БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ, ВЕЛИ АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР РАМАИлјадници луѓе вчера се собраа на аеродромот во Кабул во обид да избегаат од земјата по враќањето на талибанците (Фото: АП)

    Лидерите на Албанија и Косово изјавија дека го прифатиле американското барање привремено да сместат авганистански политички бегалци кои сакаат да заминат во САД. Ова следува среде загриженоста дека членките на НАТО не реагирале доволно брзо за да ги евакуираат авганистанските граѓани кои се соочуваат со одмазда од талибанците, кои вчера прогласија крај на војната откако влегоа во Кабул.

    Албанија преговара да прифати илјадници бегалци.

    „Потресен сум од глетките на луѓето кои се оставени таму и сакам барем да им дадам шанса повторно да дишат. Ние знаеме како изгледа да се живее под диктатура и како е да се биде странец кој бара засолниште. Ние сме такви. Чест и должност ни е да го направиме тоа“, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

    Тој додаде дека не може да разбере како можат богатите држави да го свртат грбот на овој проблем.

    „Тоа е спротивно на нашите вредности. Албанија не може да го реши проблемот, но и не сака да биде дел од него“, кажа Рама.

    Околу 30.000 Авганистанци ја напуштиле земјата секој ден во изминатите десетина дена, најмногу во Иран и Пакистан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира