ЌЕ РАЗГОВАРАМЕ ЗА СÈ ОСВЕН ЗА МЕЃУСЕБНОТО ПРИЗНАВАЊЕ, КАЖА ВУЧИЌ ЗА ЕВРОПСКИОТ ПЛАН ЗА КОСОВО

    ЌЕ РАЗГОВАРАМЕ ЗА СÈ ОСВЕН ЗА МЕЃУСЕБНОТО ПРИЗНАВАЊЕ, КАЖА ВУЧИЌ ЗА ЕВРОПСКИОТ ПЛАН ЗА КОСОВОВучиќ вчера се сретна со косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, по што европскиот план беше објавен во целост (Фото: Танјуг)

    Србија е подготвена да работи на имплементацијата на многу работи од европскиот план за нормализирање на односите со Косово, но нема да прифати меѓусебно признавање, ниту членство на Косово во Обединетите нации, порача вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој вчера се сретна со косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, кој потоа во целост го објави текстот на таканаречениот француско-германски план.

    Веќе им го кажав тоа и на Макрон и на Шолц и на сите други лидери, а го повторив и вчера: не сакам и не може да се разговара за меѓусебното признавање. Отворен сум да разговарам за сè друго, не зашто тоа нè води понатаму на нашиот европски пат, туку и зашто е добро за односите помеѓу Србите и Албанците“, кажа Вучиќ.

    Тој нагласи дека европскиот предлог станал преговарачка рамка за која не може да се преговара.

    „Планот дојде од Макрон и Шолц. Немаше можност да се преговара за него, ни рекоа земете или оставете. Бев предупреден за последиците од неприфаќањето на планот, што вклучува запирање на евроинтеграциите и повлекување на инвестициите. Државата ќе ни беше изолирана. Беше или да останеме во разговорите или да се вратиме назад во 1990-ите, во потполна економска пропаст“, изјави Вучиќ.

    Тој појасни дека вчера не го потпишал договорот зашто тоа би значело дека Косово може да влезе во ОН, но додаде дека ЕУ нема да прифати негова промена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира