ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧАМ ОД ТВИТЕР КОГА ЌЕ НАЈДАМ НЕКОЈ ДОВОЛНО ГЛУП ДА МЕ ЗАМЕНИ, КАЖА МАСК

    ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧАМ ОД ТВИТЕР КОГА ЌЕ НАЈДАМ НЕКОЈ ДОВОЛНО ГЛУП ДА МЕ ЗАМЕНИ, КАЖА МАСКМаск претходно кажа дека ќе ги почитува резултатите од анкетата во која беше изгласано негово заминување од водечката функција (Фото: Гети)

    Илон Маск кажа дека ќе поднесе оставка од функцијата извршен шеф на Твитер кога ќе најде некој доволно глуп да го замени. Тој претходно вети дека ќе ги почитува резултатите од анкетата во која 57% корисници на Твитер гласаа за негово заминување од водечката функција.

    Тој кажа дека ќе продолжи да ги води тимовите за софтвер и сервери и откако ќе биде пронајдена неговата замена.

    Маск во октомври ја комплетираше зделката за купување на Твитер вредна 44 милијарди долари и беше критикуван за промените што ги воведе на платформата оттогаш. Тој отпушти половина од вработените и воведе плаќање за верификација на профили.

    Ова е првпат Маск да се огласи откако ја отвори анкетата во неделата, преку која побара од неговите 122 милиони следбеници да се изјаснат дали треба да се повлече од функцијата извршен директор.

    Никој не ја сака работата која всушност може да го одржи Твитер во живот“, напиша Маск по анкетата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира