ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРАМ СО „АСТРАЗЕНЕКА“ КОГА ЌЕ ДОЈДАМ НА РЕД, КАЖА АВСТРИСКИОТ КАНЦЕЛАР КУРЦ ОТКАКО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ СЕ ПОДЕЛИЈА ОКОЛУ ВАКЦИНАТА

    ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРАМ СО „АСТРАЗЕНЕКА“ КОГА ЌЕ ДОЈДАМ НА РЕД, КАЖА АВСТРИСКИОТ КАНЦЕЛАР КУРЦ ОТКАКО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ СЕ ПОДЕЛИЈА ОКОЛУ ВАКЦИНАТАДесетина европски земји прекинаа да ја користат вакцината поради извештаи дека таа може да предизвика тромбоза

    Европските држави се поделија околу вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“, при што Германија и Полска кажаа дека ќе продолжат да ја користат, а Бугарија се придружи на групата земји кои привремено ја суспендираа.

    Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ја критизираше суспензијата на вакцината, додавајќи дека „придобивките се далеку поголеми од ризиците“. Во одбрана на вакцината застана и австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој кажа дека намерава да се вакцинира со неа кога ќе дојде на ред за вакцинирање.

    „Откако голем број луѓе изразија загриженост, лично ќе се вакцинирам со ‘АстраЗенека‘ за да ја покажам довербата во оваа вакцина“, изјави Курц.

    Десетина европски земји прекинаа да ја користат вакцината, како Данска, Норвешка, Исланд и Италија, откако се појавија извештаи дека таа може да предизвика згрутчување на крвта, а неколкумина луѓе и починале откако ја примиле.

    „Можам со сигурност да кажам дека нема зголемен број случаи на тромбоза поврзани со вакцинирањето“, кажа Шпан.

    Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови (ЕМА) кажаа дека нема никакви причини да се престане со нејзино користење. ЕМА соопшти дека истражува 30 случаи на „тромбоемболичен настан“.

    „АстраЗенека“ кажа дека не е пронајден никаков доказ дека постои зголемен ризик од тромбоза поврзан со нивната вакцина, при што анализата била заснована на податоците од 10 милиони извештаи. Во Велика Британија, 41 од пет милиони луѓе кои ја примиле вакцината развиле некаква алергиска реакција и ЕМА кажа дека некои од овие случаи се поврзани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира