ЌЕ ТРЕБА МНОГУ ИМАГИНАЦИЈА ЗА ДА СЕ ВОДИ ФРАНЦИЈА ПО ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ, ВЕЛАТ ОД КОАЛИЦИЈАТА НА МАКРОН

    ЌЕ ТРЕБА МНОГУ ИМАГИНАЦИЈА ЗА ДА СЕ ВОДИ ФРАНЦИЈА ПО ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ, ВЕЛАТ ОД КОАЛИЦИЈАТА НА МАКРОНМакрон го изгуби мнозинството во Националното собрание (Фото: АП)

    Француската премиерка Елизабет Борн изјави дека земјата се наоѓа во досега невидена политичка ситуација откако претседателот Емануел Макрон ја изгуби контролата во Националното собрание по силниот настап на левата алијанса и крајната десница на вчерашниот втор круг на парламентарните избори. Неговата коалиција Заедно изгуби десетици места во собранието по изборите кои ја расцепкаа француската политичка сцена.

    Модерната Франција никогаш немала вакво Национално собрание. Оваа ситуација претставува ризик за нашата земја. Од денеска ќе работиме на тоа да изградиме работно мнозинство“, изјави Борн.

    Министерот за економија Бруно Ле Мер кажа дека со земјата ќе може да се управува, но за тоа ќе треба многу имагинација.

    Исходот на изборите е демократски шок. Ако другите блокови одбијат да соработуваат, тоа ќе ги блокира нашите можности да ја реформираме и заштитиме Франција“, изјави тој.

    Лидерот на левицата Жан-Лик Меланшон уживаше во успехот откако во својата алијанса успеа да обедини партии од комунистите до зелените.

    Партијата на претседателот претрпе тотален пораз и сега сè е во наши раце. Резултатот на изборите означува морален неуспех на политиките на Макрон“, кажа Меланшон.

    Изборите донесоа голем подем и на Националниот фронт на крајната десничарка Марин Ле Пен, кој треба да има меѓу 90 и 95 пратеници, наспроти досегашните осум. Според проекциите, Заедно на Макрон ќе држи меѓу 230 и 250 места во собранието, а алијансата на Меланшон меѓу 141 и 175.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира