ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА ЅИДОВИ ФУНКЦИОНИРААТ – ТРАМП ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕМОКРАТИТЕ ЌЕ ГО ТУЖАТ

    ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА ЅИДОВИ ФУНКЦИОНИРААТ – ТРАМП ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕМОКРАТИТЕ ЌЕ ГО ТУЖАТСо овој чин, Трамп ќе добие 8 милијарди долари, но за изградба на целиот ѕид му требаат 23 милијарди (Фото: АП)

    Доналд Трамп потврди дека ќе искористи вонредни мерки за да изгради ѕид долж мексиканската граница, додавајќи дека „ѕидовите функционираат“.

    Ѕидот беше едно од неговите главни предизборни ветувања, но демократите цело време му се противеа и сега го опишаа потегот како „гнасна злоупотреба на власта“. Тој ќе потпише план заедно со закон за финансирање, за да спречи повторно затворање на владата. Трамп, кој бараше 5,7 милијарди долари за ѕидот, се реши на ваков потег откако Конгресот одби да му одобри средства и демократите најавија дека ќе се обидат да го поништат ова на суд.

    „На нашата јужна граница се соочуваме со голема закана по националната безбедност. Имаме инвазија на дроги, банди, на луѓе и тоа е неприфатливо. Сите знаат дека ѕидови функционираат“, изјави Трамп.

    Објавувајќи ја својата одлука пред медиумите, Трамп кажа дека вонредна состојба ќе му овозможи осум милијарди долари за ѕидот. Се очекува тој да ги добие парите со пренаменување на средствата од воени градежни проекти и борбата против трговија со дрога. Сепак, вкупната цена на ѕидот, кој треба да биде долг 3.200 километри, изнесува 23 милијарди долари.

    Акт на вонредна состојба се прогласува во времиња на национални кризи и Трамп цело време тврдеше дека постои мигрантска криза на јужната граница на САД, што беше оспорувано од стручњаци. Во вакви услови, тој може да заобиколува вообичаени политички процеси и да пренаменува средства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира