КЕЛНЕР ПАЛЕЛ ДЕСЕРТ, ПА ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР ВО РЕСТОРАН ВО МАДРИД, ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ

    КЕЛНЕР ПАЛЕЛ ДЕСЕРТ, ПА ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР ВО РЕСТОРАН ВО МАДРИД, ДВАЈЦА ЗАГИНАТИПосетителите не можеле да избегаат бидејќи пожарот почнал близу излезот (Фото: Твитер)

    Двајца луѓе загинаа, а десетмина се повредени откако се запали ресторан во Мадрид, објавија итните служби. Пожарот избувна синоќа околу 23 часот во италијански ресторан во централната населба Саламанка.

    Еден очевидец изјави за весникот „Ел Паис“ дека пожарот почнал откако келнер запалил десерт на чинија, по што пламенот ги зафатил плафонот и ѕидовите декорирани со пластични цвеќиња. Посетителите не можеле да избегаат бидејќи пожарот почнал близу излезот.

    Шпанската полиција соопшти дека почнала истрага за пожарот, додавајќи дека жртвите се двајца мажи на возраст од 25 и 30 години. Еден од повредените е во критична состојба.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира