КИМ ЏОНГ-УН ПРВПАТ ЈА ПОКАЖА ЌЕРКА СИ, НА ТЕСТ НА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА

    КИМ ЏОНГ-УН ПРВПАТ ЈА ПОКАЖА ЌЕРКА СИ, НА ТЕСТ НА БАЛИСТИЧКА РАКЕТАДржавната агенција КЦНА објави неколку фотографии од тестот на ракетата, и на две од нив двајцата се држат за раце. (Фото: КЦНА)

    Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун се појави со ќерка си во јавност за првпат, потврдувајќи ги гласините за нејзиното постоење. Девојката, за која се верува дека се вика Ким Чу-ае, го придружуваше на инспекција на лансирање на балистичка ракета.

    Многу малку се знае за приватниот живот на Ким Џонг-ун, кој води една од најтаинствените држави.

    Државната новинска агенција КЦНА објави неколку фотографии од тестот на ракетата, и на две од нив двајцата се држат за раце.

    Според Мајкл Маден, експерт за Северна Кореја од Стимсон центарот од Вашингтон, Чу-ае има околу 12-13 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира