КИМ ЏОНГ УН ДОБИЛ ДРОНОВИ И ПАНЦИР КАКО ПОДАРОЦИ НА ТУРНЕЈАТА ВО РУСИЈА

    КИМ ЏОНГ УН ДОБИЛ ДРОНОВИ И ПАНЦИР КАКО ПОДАРОЦИ НА ТУРНЕЈАТА ВО РУСИЈАКим вчера се сретна со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во Владивосток (Фото: АП)

    Ким Џонг Ун се упати со својот оклопен воз кон Северна Кореја, завршувајќи ја неколкудневната посета на Русија, што ја почна со средба со Владимир Путин. Иако Кремљ тврди дека двете држави не потпишаа никаков договор, првото патување на Ким во странство во последните четири години ги подгреа стравувањата на западот дека Москва и Пјонгјанг ќе ги игнорираат санкциите и ќе договорат продажба на оружје.

    Новинската агенција ТАСС објави дека меѓу подароците што ги добил Ким се пет камиказе дронови и извидувачки дрон со вертикално полетување „геран-25“. Исто така, гувернерот на пограничниот регион Приморје му подарил панцир и специјална облека невидлива за термални камери.

    Ким вчера се сретна со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во Владивосток, каде што се запозна со најсовремените руски оружја, вклучувајќи хиперсонични проектили и со руската пацифичка флота. Тој направи обиколка на фабрика за борбени авиони во Комсомолск и притоа седна во еден од нив.

    Ким и Путин направија симболична размена на пушки, но засега нема докази дека договориле продажба на оружје. Според американски сознанија, Русија сака да купи муниција од Северна Кореја, која, пак, бара помош за развој на сателити и проектили.

    Москва кажа дека Путин ја прифатил поканата да ја посети Северна Кореја, но пред тоа, таму ќе замине министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, најверојатно уште следниот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира