КИМ Ѝ ПОСАКА НА РУСИЈА ПОБЕДА НАД ЗЛОТО ВО УКРАИНА, ПУТИН НАЈАВИ МОЖНОСТ ЗА ВОЕНА СОРАБОТКА

    КИМ Ѝ ПОСАКА НА РУСИЈА ПОБЕДА НАД ЗЛОТО ВО УКРАИНА, ПУТИН НАЈАВИ МОЖНОСТ ЗА ВОЕНА СОРАБОТКАПутин и Ким имаа состанок зад затворени врати, а потоа и ручек (Фото: Кремљ)

    Ким Џонг Ун ја заврши средбата со Владимир Путин и се качи во својот оклопен воз, а пред тоа, му посака победа во војната во Украина. Путин и севернокорејскиот лидер се сретнаа на космодромот Восточни на далечниот исток на Русија, при што одржаа едночаспвен состанок зад затворени врати.

    „Убеден сум дека руските сили ќе остварат голема победа во светата борба и ќе го казнат злото кое наметнува хегемонија. Длабоко сум уверен дека херојската руска војска ќе ја наследи победничката традиција и ќе демонстрира бесценети доблести и чест на фронтовите на специјалната воена операција“, кажа Ким.

    Тој притоа предложил здравица за здравјето на Путин, победата на големата Русија и корејско-руското пријателство. На заедничкиот ручек биле послужени салата од патка и смокви, кнедли од рак, есетра, говедско месо и избор на руски вина, објавија известувачите од Кремљ.

    Западот и Украина очекуваа Путин и Ким да разговараат за можноста Северна Кореја да ѝ продаде оружје и муниција на Русија. Путин не го коментираше ова, само потврди дека Русија би можела да ѝ помогне на Северна Кореја во развојот на нејзината вселенска програма.

    По завршувањето на средбата, Путин кажа дека постојат можности за билатерална воено-техничка соработка, но додаде дека Русија ќе се придржува до своите меѓународни обврски.

    Ким истакна дека билатералните односи со Русија отсега ќе бидат приоритет број еден за Северна Кореја.

    „Секогаш ќе бидеме со Русија. Секогаш ќе ги поддржуваме одлуките на претседателот Путин и руското раководство и ќе бидеме заедно во борбата против империјализмот“, изјави Ким.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира