КИМ ЏОНГ-УН ПАК ПОЗИРАШЕ СО ЌЕРКА МУ И НАЈАВИ ДЕКА СЕВЕРНА КОРЕЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈМОЌНАТА НУКЛЕАРНА СИЛА НА СВЕТОТ

    КИМ ЏОНГ-УН ПАК ПОЗИРАШЕ СО ЌЕРКА МУ И НАЈАВИ ДЕКА СЕВЕРНА КОРЕЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈМОЌНАТА НУКЛЕАРНА СИЛА НА СВЕТОТПостоењето на Ју Ае првпат беше јавно потврдено минатиот викенд (Фото: АП)

    Ким Џонг-ун изјави дека Северна Кореја има намера да стане најмоќната нуклеарна сила на светот, додека повторно беше снимен со ќерка му при инспекција на интерконтинентален балистички проектил.

    Крајната цел на Северна Кореја е да ја поседува најмоќната стратешка сила на светот, апсолутна сила досега невидена во овој век“, кажа Ким.

    Тој го опиша проектилот „хвасонг-17“ како „најсилното стратешко оружје на светот“ и кажа дека тој ги покажува решителноста и способноста на Северна Кореја да ја изгради најсилната армија на светот.

    Државните медиуми го прикажаа Ким во друштвото на неговата ќерка, чие постоење беше јавно потврдено дури минатиот викенд. Тие ја опишаа како „најсаканото и скапоцено“ дете на Ким.

    Се проценува дека Ју Ае има 12 или 13 години, што значи дека за пет-шест години ќе се подготвува за факултет или за воена служба“, кажа Мајкл Маден, експерт за Северна Кореја од центарот „Стимсон“ во Вашингтон.

    Иако е многу млада, новите фотографии ја продолжија дебатата дали таа се наметнува како фаворит за наследник на Ким. Се верува дека тој има три деца, од кои две женски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира