КИМ ЏОНГ-УН ПРВПАТ ПРИЗНА ДЕКА ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ИМА КРИЗА СО КОРОНАВИРУСОТ

    КИМ ЏОНГ-УН ПРВПАТ ПРИЗНА ДЕКА ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ИМА КРИЗА СО КОРОНАВИРУСОТКим сменил неколкумина високи функционери кои ги обвинил за небрежност и неспособност (Фото: АП)

    Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги признал првите проблеми со ковид-19 во земјата откако сменил неколкумина високи партиски функционери зашто предизвикале голема криза, објавија државните медиуми.

    Тоа е прв знак дека пандемијата е присутна и во најзатворената држава на светот, откако досега Светската здравствена организација беше известувана дека таму не е регистриран ниеден случај на коронавирус, во што експертите се сомневаа. Северна Кореја ги затвори своите граници со Кина и Русија на почетокот на пандемијата со цел да го спречи пренесувањето на заразата, што, во комбинација со меѓународните санкции, довело до недостиг на храна и влошување на економијата.

    Во изјавите објавени од државната телевизија КЦНА, Ким обвини високи функционери за небрежност, неспособност и пасивност.

    „Тие предизвикале смртоносен инцидент кој создал голема криза за безбедноста на државата и народот“, објави медиумот, цитирајќи го Ким.

    Во извештајот не се наведува за каква криза станува збор, но на состанокот биле сменети неколкумина високи функционери.

    „Ова фактички значи признавање дека во Северна Кореја има случаи на коронавирус. Фактот дека политбирото дискутирало за тоа, а КЦНА објавила, навестува дека Северна Кореја бара меѓународна помош“, изјави пребегнатиот севернокорејски аналитичар Ан Чан-ил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира