КИМ ЏОНГ-УН СО ВОЗ ОТПАТУВА ЗА РУСИЈА НА ПРВА СРЕДБА СО ПУТИН

    КИМ ЏОНГ-УН СО ВОЗ ОТПАТУВА ЗА РУСИЈА НА ПРВА СРЕДБА СО ПУТИНКим ќе се сретне со Путин во Владивосток (Фото: Ројтерс)

    Севернорејскиот лидер Ким Џонг-Ун отпатува за Русија на првата средба со Владимир Путин. Државните медиуми објавија дека заминал со приватен воз, додека Кремљ потврди дека самитот ќе се одржи во Владивосток и на него ќе се разговара за „нуклеарниот проблем“ на корејскиот полуостров.

    Аналитичарите сметаат дека Ким бара нова поддршка, откако пропадна вториот самит со Доналд Трамп. Тие неодамна се сретнаа во Виетнам, но си заминаа предвреме без постигнат договор.

    Руски војници беа снимени како маршираат пред железничката станица во Владивосток во очекување на доаѓањето на Ким. Тој веќе ја преминал границата и прво застанал во пограничниот град Хасан.

    Според аналитичарите, со посетата на Русија, Северна Кореја сака да покаже дека има моќни сојузници, откако пропаднаа преговорите со САД, за што Пјонгјанг го обвини државниот секретар Мајк Помпео и побара тој да биде тргнат.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари