КИМ ЏОНГ-УН СТАПНА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА И МУ ДОНЕСЕ ТЕСТЕНИНИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МУН

    КИМ ЏОНГ-УН СТАПНА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА И МУ ДОНЕСЕ ТЕСТЕНИНИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МУНКим и Мун се поздравија од двете страни на границата, што не било предвидено во сценариото (Фото: Гети)

    Ким Џонг-Ун денеска стана првиот лидер на Северна Кореја кој стапнал во Јужна Кореја, преминувајќи ја воената линија, која го дели полуостровот од завршувањето на Корејската војна во 1953 година.

    Во моментот полн со симболика, Ким му подаде рака на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-Ин на границата, изјавувајќи дека се надева на искрена дискусија. Оваа сцена беше незамислива до пред некој месец, кога Ким се фалеше со своите успешни нуклеарни и ракетни проби, заканувајќи му се на целиот свет.

    „Нова историја почнува сега, ерата на мирот“, напишал Ким во книгата за гости.

    Ким му рекол на Мун дека се надева на искрена дискусија (Фото: Гети)

    Голем дел од она што ќе се случува на самитот е однапред договорено, но многумина аналитичари остануваат длабоко скептични од новопројавениот севернокорејски ентузијазам за зближување и од желбата за целосна денуклеаризација на полуостровот, што треба да биде главна тема на разговорите.

    Целата Јужна Кореја за момент застана, кога двајцата лидери се поздравија на двете страни од пограничната демилитаризирана зона. Ким прво го покани Мун да премине во Северна Кореја, по што се вратија во јужниот дел, што не било дел од сценариото.

    „Се надевам дека ќе уживате во тестенините што ги донесовме“, се пошегува Ким.

    Тој потоа се врати во својата земја во силно обезбедувана лимузина и нова рунда разговори е најавена за подоцна во денот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира