КИМ ГО ПОКАНИЛ ПУТИН ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ЗА ДА ГИ ЗАЦВРСТАТ ОДНОСИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ 100 ГОДИНИ

    КИМ ГО ПОКАНИЛ ПУТИН ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ЗА ДА ГИ ЗАЦВРСТАТ ОДНОСИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ 100 ГОДИНИПутин изјави дека со Ким разговарале за можности за воена соработка (Фото: АП)

    Ким Џонг Ун го поканил Владимир Путин во Северна Кореја за време на нивната вчерашна средба на космодромот Восточни на далечниот исток на Русија. Севернокорејската новинска агенција КЦНА извести дека Ким му рекол на Путин дека нивната средба ги издигнала односите помеѓу двете земји на ново ниво и изразил подготвеност за нивно зацврстување за следните 100 години.

    Пјонгјанг објави дека Путин ја прифатил поканата да ја посети Северна Кореја, за што засега нема потврда од Кремљ. Од почетокот на руската инвазија, Путин многу ретко излегуваше надвор од Русија, додека за Ким ова беше прво меѓународно патување од 2019.

    По средбата со Ким, Путин изјави дека разговарале за можности за воена соработка и најави дека Русија би можела да ѝ помогне на Северна Кореја да развие сателити. САД велат дека Москва се обидува да купи оружје и муниција за војната во Украина и предупредија дека секоја помош за сателитската програма на Северна Кореја би значела кршење на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.

    Ким денеска ќе ја продолжи својата турнеја низ Русија, при што ќе ги посети воените и воздухопловните фабрики во градот Комсомолск и руската пацифичка флота во Владивосток.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира