КИНА Е НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА НА ИСТОРИЈАТА ВО ПОГЛЕД НА УКРАИНА, КАЖА ШЈИ ЏИНПИНГ ПО СРЕДБАТА СО ПУТИН

    КИНА Е НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА НА ИСТОРИЈАТА ВО ПОГЛЕД НА УКРАИНА, КАЖА ШЈИ ЏИНПИНГ ПО СРЕДБАТА СО ПУТИНШји изјави дека имал искрени, отворени и пријателски разговори со Путин (Фото: АП)

    Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Шји Џинпинг разговараа за кинеските предлози за прекин на огнот во Украина, додека прикажуваа топло пријателство засновано врз заедничкото ривалство кон западот. Шји изјави дека имал искрени, отворени и пријателски разговори со Путин и додаде дека ќе продолжат да се поддржуваат, како што беше случај и во изминатите десет години.

    Кинеско-руските односи отидоа подалеку од билатералните комуникации. Ние сме стратешки партнери“, изјави Шји.

    Неговата тридневна посета е поттик за Русија, која и по една година војна и огромни жртви е далеку од остварувањето на посакуваните цели во Украина.

    Многу предлози од кинескиот мировен план можат да послужат како основа за решавање на конфликтот во Украина, кога и да Киев и западот бидат подготвени за тоа“, изјави Путин.

    И додека Кина се обидува да се претстави како потенцијален миротворец во Украина, посетата на Шји ги нагласува секогаш блиските односи помеѓу Пекинг и Москва. Двајцата лидери вчера разговараа повеќе од четири часа и уживаа во државна вечера во Кремљ, ословувајќи се еден со друг со „драг пријател“.

    Мојата влада е секогаш за помирување, мир и дијалог. Кина е на вистинската страна на историјата кога е во прашање Украина, се води од Повелбата на Обединетите нации и одржува непристрасна позиција“, изјави Шји.

    Русија и Кина потпишаа серија документи за стратешка соработка, што, според Путин, покажува дека односите помеѓу двете земји се на највисоко ниво во нивната историја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира