КИНА ГО ПОТВРДИ ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА ЗАРАЗА СО РЕДОК СОЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП

    КИНА ГО ПОТВРДИ ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА ЗАРАЗА СО РЕДОК СОЈ НА ПТИЧЈИ ГРИПКинеските власти и СЗО велат дека ризикот од големо ширење на Х10Н3 е крајно мал (Фото: Ројтерс)

    Кина го потврди првиот случај на зараза со редок сој на птичји грип. Официјални лица не кажаа како 41-годишниот маж се заразил, но се верува дека сојот Х10Н3 не се пренесува лесно од човек на човек.

    Случајот бил откриен минатата недела и заразениот жител на провинцијата Џијангсу во меѓувреме оздравел и бил пуштен од болница. При следењето на контактите властите не откриле други случаи на зараза.

    Постојат многу соеви на птичји грип и повремено се случува луѓе кои работат со живина да се заразат.

    „Во светот не се откриени случаи на зараза со Х10Н3. Ова е пример на повремено пренесување на вирус од живина на човек и ризикот од големо ширење е крајно мал“, соопшти Националната здравствена комисија на Кина.

    Светската здравствена организација додаде дека во моментов нема назнаки дека има пренесување на вирусот од човек на човек.

    Последното сериозно ширење на птичји грип се случи во 2016 и 2017 година, кога од сојот Х7Н9 починале околу 300 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира