КИНА И РУСИЈА ДЕЛАТ ИСТИ ЦЕЛИ, КАЖА ШЈИ ЏИНПИНГ ВО МОСКВА, ДОДЕКА ЕУ ДОГОВОРИ ИСПОРАКА НА МИЛИОН ГРАНАТИ ВО УКРАИНА

    КИНА И РУСИЈА ДЕЛАТ ИСТИ ЦЕЛИ, КАЖА ШЈИ ЏИНПИНГ ВО МОСКВА, ДОДЕКА ЕУ ДОГОВОРИ ИСПОРАКА НА МИЛИОН ГРАНАТИ ВО УКРАИНАШји и Путин денеска имаа неформална средба, а официјални разговори се планирани за утре (Фото. АП)

    Кинескиот лидер Шји Џинпинг му кажа на Владимир Путин дека Пекинг и Москва делат исти цели, откако денеска пристигна во тридневна посета на Русија. Тие денеска имаа неформална средба и потоа заедно ќе вечераат, а официјални разговори се планирани за утре.

    Вистина е дека нашите земји делат исти или слични цели. Можеме да соработуваме и да работиме заедно за да ги оствариме нашите цели“, изјави Шји, нарекувајќи го Путин „негов драг пријател“.

    Кинескиот претседател изрази уверување дека рускиот народ ќе го поддржи Путин на претседателските избори во 2024, иако тој засега не потврдил дека ќе се кандидира.

    Русија го претстави доаѓањето на Шји како доказ дека има моќен пријател подготвен да му помогне против непријателскиот запад, додека Кина се обидува да се наметне како глобален миротворец и да посредува во изнаоѓање решение за војната во Украина. Пекинг неодамна го објави својот мировен план за Украина, додека истовремено ги зајакнува врските со Русија.

    Путин ги поздрави кинеските предлози за политичко решение на војната во Украина и додаде дека Русија е отворена за разговори.

    За тоа време, Европската Унија договори план од две милијарди евра за обезбедување милион артилериски гранати за Украина во текот на оваа година. Тие ќе дојдат од сопствените залихи на земјите-членки и од производството на нови.

    Украина кажа дека има неопходна потреба од 155-милиметарски гранати, додека таа и Русија секој ден трошат илјадници гранати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира