КИНА ЈА ОДОБРИ ПРВАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНАВУРУС ОД ДРЖАВНАТА КОМПАНИЈА „СИНОФАРМ“

    КИНА ЈА ОДОБРИ ПРВАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНАВУРУС ОД ДРЖАВНАТА КОМПАНИЈА „СИНОФАРМ“Кинеската вакцина покажува 79.3 % ефикасност. (Фото: Си-Ен-Ен)

    Кина ја одобри нивната прва вакцина против коронавирус, која ја разви државната фармацевтска компанија „Синофарм“. Одоборувањето следи ден откако „Синофарм“ објави дека нивната вакцина покажува 79.3 % ефикасност во прелиминарниот стадиум од последната фаза на тестирање.

    Кина планира да вакцинира најмалку 50 милиони жители до пред почетокот на прославата на Лунарната Нова година, во средината на февруари, со цел да го спречи ширењето на вирусот поради патувањата.

    Вакцината на „Синофарм“ се дава во две дози, а освен оваа вакцина, уште три кинески компании имаат свои вакцини кои се во последните фази од клиничките испитувања.

    За разлика од вакцината на „Фајзер“ која треба да се чува на температура од – 70 Целзиусови степени, кинеската може да се чува во обичен фрижидер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира