КИНА НЕ КАЖА НИШТО КОГА НА ТАЈВАН ДОЈДОА МАШКИ ПРАТЕНИЦИ ОД САД, ВЕЛИ ПЕЛОСИ ЗА СВОЈАТА СПОРНА ПОСЕТА

    КИНА НЕ КАЖА НИШТО КОГА НА ТАЈВАН ДОЈДОА МАШКИ ПРАТЕНИЦИ ОД САД, ВЕЛИ ПЕЛОСИ ЗА СВОЈАТА СПОРНА ПОСЕТАПелоси е највисокиот американски функционер кој го посетил Тајван во последните 25 години (Фото: АП)

    Спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, се сретна со тајванската претседателка Цаи Инг-вен, додека нејзината посета на островот продолжува да предизвикува остри реакции и осуди од Кина. Пелоси, највисокиот американски функционер кој го посетил Тајван во последните 25 години, кажа дека нејзината делегација дошла со цел јасно да покажат дека САД нема да го напуштат островот, и покрај почитувањето на политиката за една Кина.

    Кина претходно објави дека САД ќе платат висока цена за посетата на Пелоси.

    Пред 40 години Америка вети дека секогаш ќе биде со Тајван и денеска сме тука за да покажеме дека никогаш нема да се откажеме од нашата посветеност кон Тајван“, кажа Пелоси.

    Сепак, Белата куќа соопшти дека се противи на посетата, додека Џо Бајден изјави дека војската проценила дека таа не е добра идеја.

    Иако Кина го спречува учеството на Тајван на одредени состаноци, таа не може да спречи луѓе да доаѓаат на Тајван за да му изразат пријателство и поддршка. Мислам дека креваат многу врева оти сум спикерка, затоа што не кажаа ништо кога дојдоа мажи“, изјави Пелоси, алудирајќи на доаѓањето на шестмина американски пратеници на Тајван во април.

    Набргу по доаѓањето на Пелоси, Кина најави неколкудневни воени вежби во водите околу Тајван, кој соопшти дека вчера биле забележани прелети на повеќе од 20 кинески борбени авиони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира