КИНА ПОВТОРНО СЕ ЗАТВОРИ ЗА СТРАНЦИ, САД ОЧЕКУВААТ 80.000 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО НАРЕДНИТЕ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ

    КИНА ПОВТОРНО СЕ ЗАТВОРИ ЗА СТРАНЦИ, САД ОЧЕКУВААТ 80.000 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО НАРЕДНИТЕ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИРедица за тестирање на коронавирус пред медицинскиот центар „Елмхерст“ во Њујорк (Фото: АП)

    Кина привремено ќе забрани влез во државата за сите странци, без разлика дали имаат виза или постојано живеалиште, откако низ земјата се регистрирани 55 нови случаи на коронавирус, од кои 54 се увезени. Властите исто така ги ограничија домашните и меѓународните авиокомпании на само еден лет неделно.

    Кина пријави прв случај на локално пренесување на вирусот по три дена пауза, но нема нови случаи во Вухан и тамошниот карантин ќе биде олеснет на 8 април.

    Во Кина досега има 81.340 потврдени случаи на коронавирус, бројка која вчера беше надмината од САД, додека починале 3.292 луѓе.

    САД сега се новиот глобален епицентар на коронавирусот, откако вчера бројката заразени порасна за дури 17.000. Доналд Трамп се обиде да ги оспори овие бројки.

    „Ние не знаеме навистина какви се бројките во Кина“, изјави Трамп, чиј план да ја отвори американската економија за Велигден на 12 април беше остро критикуван.

    Студија на Медицинското училиште на Универзитетот во Вашингтон проценува дека 80.000 луѓе би можеле да умрат во САД во наредните четири месеци, дури и ако се почитуваат строгите мерки, односно 2.300 секој ден од април.

    Јужна Африка, индустриски најразвиената држава во Африка, објави дека од денеска ќе биде во тринеделен карантин. Во земјата има повеќе од илјада заразени.

    На светско ниво има речиси 550.000 заразени и речиси 25.000 починати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира