КИНА ПРВПАТ БЕЗ НОВ СЛУЧАЈ НА ДОМАШНО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ, ПРВ СМРТЕН СЛУЧАЈ ВО ХРВАТСКА

    КИНА ПРВПАТ БЕЗ НОВ СЛУЧАЈ НА ДОМАШНО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ, ПРВ СМРТЕН СЛУЧАЈ ВО ХРВАТСКАИако беа епицентар на заразата, во Вухан и кинеската провинција Хубеи вчера немало ниеден нов случај на коронавирус од каков било вид (Фото: Гети)

    За првпат од појавата на коронавирусот, Кина не пријави ниеден нов случај на внатрешно пренесување, што е значаен момент во борбата на земјата против пандемијата.

    Националната здравствена комисија на Кина објави дека вчера се регистрирани нови 34 случаи на коронавирус, но лица кои неодамна дошле од странство. Во Хубеи, кинеската провинција од која заразата почна да се шири низ светот, немало ниеден нов случај од каков било вид.

    Добрите вести од Кина доаѓаат во исто време кога Австралија и Нов Зеланд ги затворија своите граници за странски државјани. Најголемата австралиска авиокомпанија „Квантас“ објави дека ги откажува сите меѓународни летови до крајот на месецот.

    Жариштето на пандемијата сега е Европа, каде што 250 милиони луѓе се погодени од мерките на карантин, додека САД стигнаа до бројката од 7.000 заразени. Италија вчера го имаше најсмртоносниот ден со 475 починати, а со вкупната бројка од 2.978 мртви се очекува наскоро да ја надмине и Кина.

    Хрватските власти го потврдија првиот смртен случај од коронавирус, додавајќи дека станува збор за постар маж од Истра, додека во земјата има и 99 заразени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира