КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ „СИНОФАРМ“ И „СИНОВАК“ СЕ ЕФЕКТИВНИ ПРОТИВ КОВИД-19, ВЕЛИ СЗО

    КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ „СИНОФАРМ“ И „СИНОВАК“ СЕ ЕФЕКТИВНИ ПРОТИВ КОВИД-19, ВЕЛИ СЗОСЗО би можел да ја препорача употребата на двете вакцини на крајот на април

    Вакцините против ковид-19 на кинеските производители „Синофарм“ и „Синовак“ покажаа резултати кои укажуваат на ниво на ефективност соодветно на барањата на Светската здравствена организација.

    Шефот на советничкиот панел на експерти на СЗО, Алехандро Кравиото, изјави дека до крајот на април би можеле да издадат препорака за употреба на овие вакцини.

    „Многу национални регулатори веќе ги имаат одобрено овие две вакцини, иако тие сѐ уште не се наоѓаат на листата на СЗО, што е потребно за да бидат вклучени и во механизмот Ковакс“, изјави Кравиото.

    Според барањата на СЗО, за да се одобри една вакцина, таа мора да има ефективност од најмалку 50%, но пожелно е тоа да биде околу или над 70%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира