По руската, Унгарија стана прва земја од Европската Унија која ја одобрила и кинеската вакцина против ковид-19. Унгарското регулаторно тело за храна и лекови денеска даде зелено светло за увоз на вакцината на „Синофарм“.
Минатата недела, Унгарија ѝ се спротивстави на Европската Унија кога ја одобри руската вакцина „спутник“. Брисел кажа дека договорот што Унгарија го постигна со Русија не е нелегален.
Премиерот Виктор Орбан кажа дека тој лично ќе се вакцинира со кинеската вакцина, зашто најмногу верува во неа.
„Кинезите имаат најдолго искуство со вирусот, па веројатно знаат најмногу за него. Затоа, кога ќе дојде мој ред, ќе изберам да ја примам кинеската вакцина“, изјави Орбан, додавајќи дека Унгарија нарачала 500.000 дози од „Синофарм“.