КЛИНТОН И ТРАМП СЕ СУДРИЈА ЖЕСТОКО НА ПРВАТА ДЕБАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Њујорк,(АП)

    КЛИНТОН И ТРАМП СЕ СУДРИЈА ЖЕСТОКО НА ПРВАТА ДЕБАТА

    Во борбената прва дебата на кандидатите за американски претседател, Хилари Клинтон упорно го осудуваше Доналд Трамп за криење на неговите даноци и бизнис зделки од гласачите и за пласирање „расистички лаги“ за претседателот Барак Обама. Бизнисменот Трамп неколку пати ја нарече Клинтон „типичен политичар“ во обид да поентира на фрустрацијата на Американците од Вашингтон.

    Клинтон и Трамп, кои се израмнети во трката за Белата куќа, се расправаа 90 минути околу нивните драстично различни визии за иднината на нацијата. Клинтон се залага за намалување на даноците за средната класа, додека Трамп е сконцентриран на повторно отворање на трговските договори за кои вели дека предизвикале компаниите да ги преселат работните места надвор од САД. Републиканецот ја поддржа контроверзната тактика на полицијата „запри и претреси“ како начин за намалување на криминалот, додека демократот кажа дека тактиката е нееефиктивна и неуставна.

    Дебатата од почеток беше полна со меѓусебни напади и Трамп често се обидуваше да ја прекине Клинтон и зборуваше додека таа одговараше на прашањата. Клинтон беше повоздржана, но, исто така, му префрлаше на Трамп за неговите бизнис и богатство.

    „Има нешто што тој крие“, кажа таа, подбивајќи се со неговите изјави дека нема да ги објави своите даночни пријави, бидејќи се под ревизија на надлежните.

    Клинтон кажа дека една од причините што Трамп одбива да ги објави е тоа што можеби нема платени ништо за федерални даноци. Тој ја прекина во тој момент и рече: „Тоа ме прави паметен“.

    Трамп агресивно се обиде да ги сврти прашањата за транспареност против Клинтон, велејќи дека тој ќе ги објави сите информации околу неговите даноци, ако таа ги објави над 30-те илјади мејлови што беа избришани од нејзиниот личен сервер што го користеше додека беше државен секретар.

    Критиките на Трамп за Клинтон на крајот на дебатата станаа и лични. Тој кажа дека Хилари „не изгледа добро и нема енергија“ да биде претседател. Тој го има кажано истото неколку пати претходно, навлекувајќи го гневот од поддржувачите на Клинтон, кои го обвинија за сексистички напади на првата жена номинирана за претседател од една од двете големи партии во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира