КОЛА ВЛЕТА ВО КАРНЕВАЛСКА ПОВОРКА ВО БЕЛГИЈА, НАЈМАЛКУ 4 ЗАГИНАТИ

    КОЛА ВЛЕТА ВО КАРНЕВАЛСКА ПОВОРКА ВО БЕЛГИЈА, НАЈМАЛКУ 4 ЗАГИНАТИАвтомобилот со голема брзина влетал во група карневалски изведувачи кои ja подготвувале денешната парада. (Фото: ЕПА)

    Најмалку четири лица загинаа откако автомобил влета во толпа луѓе во јужна Белгија. Инцидентот се случил во малиот град Стрепи-Бракени, околу 50 километри јужно од главниот град Брисел. Автомобилот со голема брзина влетал во група карневалски изведувачи кои ja подготвувале денешната парада.

    „Има неколку десетици повредени и за жал неколку луѓе загинаа“, изјави градоначалникот на градот.

    Најмалку 12 лица се тешко повредени по несреќата. Уапсени се патниците во автомобилот, соопшти полицијата. Околностите на инцидентот уште не се јасни, но некои локални медиуми објавија дека бил резултат на полициска потера. Властите утврдуваат дали може да се исклучи терористичкиот напад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира