КОЛА ВЛЕТА ВО ПЕШАЦИ ВО БЕРЛИН, ЕДЕН ЗАГИНАТ И 8 ПОВРЕДЕНИ 

    КОЛА ВЛЕТА ВО ПЕШАЦИ ВО БЕРЛИН, ЕДЕН ЗАГИНАТ И 8 ПОВРЕДЕНИ возачот е уапсен на лице место, но не е јасно дали влетал намерено или е несреќа. (Фото: АП)

    Најмалку едно лице загина, а осум се повредени, од кои неколкумина потешко, откако автомобил влета во толпа луѓе на прометна улица во Берлин. Службите за итни случаи велат дека не е јасно дали инцидентот, кој се случил околу 10:30 часот, бил намерен или е несреќа. Портпаролот на полицијата изјави дека возачот е уапсен на местото на настанот.

    Инцидентот се случи во срцето на западен Берлин, на една од најпрометните трговски улици. Според извештаите, возилото излетало од улицата и се качило на тротоарот пред да удри во предниот дел на продавница. Сликите од местото на настанот покажуваат дека сребрено „рено клио“ удрило низ излогот во продавница за козметика. Според берлинската полициска служба, на местото се наоѓаат околу 130 работници за итна помош.

    Инцидентот се случи на аголот на прометната улица Ранкештрасе и Тауенциенштрасе во западен Берлин. Областа е спроти Брајтшајдлац, каде во 2016 што 12 лица загинаа кога возач на камион намерно влетал со својот камион во толпа луѓе на божиќниот пазар. ИД подоцна ја презеде одговорноста за нападот, кој го изврши неуспешен барател на азил. Напаѓачот подоцна бил застрелан од германската полиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира