КОМБЕ УДРИ ВО ЛУЃЕ КОИ СЕДЕЛЕ ВО ПИВНИЦА ВО МИНСТЕР, НАЈМАЛКУ ТРИ ЗАГИНАТИ

    КОМБЕ УДРИ ВО ЛУЃЕ КОИ СЕДЕЛЕ ВО ПИВНИЦА ВО МИНСТЕР, НАЈМАЛКУ ТРИ ЗАГИНАТИПолицијата не ја исклучува можноста дека станува збор за терористички напад (Фото: АП)

    Неколку луѓе загинаа во германскиот град Минстер, откако комбе влета меѓу пешаци, по што возачот, наводно, се самоубил со огнено оружје.

    Околу 30 луѓе се повредени во инцидентот, кој се случил во стариот дел од северногерманскиот град, во близина на познатата статуа Кипенкерл. Весникот „Билд“ објави дека комбето удрило во тераса од пивница и дека три лица загинаа.

    „Има неколку загинати, вклучувајќи го и возачот на комбето“, изјави портпаролката на полицијата.

    Сѐ уште е нејасно дали инцидентот претставува напад, додаде полицијата, но таквото сценарио не е исклучено.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира