КОМИЧАРКАТА ШУМЕР И МАНЕКЕНКАТА РАТАЈКОВСКИ УАПСЕНИ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ИЗБОРОТ НА КАВАНО ЗА ВРХОВЕН СУДИЈА ВО САД

    КОМИЧАРКАТА ШУМЕР И МАНЕКЕНКАТА РАТАЈКОВСКИ УАПСЕНИ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ИЗБОРОТ НА КАВАНО ЗА ВРХОВЕН СУДИЈА ВО САДМанекенката и актерка Емили Ратајковски е меѓу 302-те лица уапсени на протестот пред американскиот Сенат. (Фото: Инстаграм)

    Комичарката Ејми Шумер и манекенката Емили Ратајковски се меѓу 300-те уапсени за време на вчерашните протести против номинацијата на Брет Кавано за судија во Врховниот суд на САД.

    Стотици граѓани се собраа пред зградата на американскиот Сенат во Вашингтон, да ја оспорат номинацијата на Кавано, откако три жени го обвинија за разни форми на сексуално малтретирање.

    Полицијата соопшти дека уапсиле 302 лица за време на демонтрациите.

    „Денес бев уапсена додека протестирав против номинацијата на Брет Кавано за судија во Врховниот суд, човек кој е обвинет од повеќе жени за сексуален напад. Човек кој ги повредува жените не може повеќе да биде поставуван на моќни позиции“, напиша Ратајковски на Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира