КОМИЧАРОТ БИЛ КОЗБИ ОСУДЕН НА 3 ДО 10 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СИЛУВАЊЕ

    КОМИЧАРОТ БИЛ КОЗБИ ОСУДЕН НА 3 ДО 10 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СИЛУВАЊЕКозби беше обвинет за дрогирање и силување на поранешна кошаркарка во 2004 година (Фото: Ројтерс)

    Легендарниот американски комичар Бил Козби доби затворска казна од три до десет години за сексуален напад.

    Осумдесет и едногодишниот Козби, кој беше опишан како насилен сексуален предатор, ќе мора да оди на доживотно советување и ќе биде заведен во регистарот на сексуални престапници.

    Тој одби да ја коментира пресудата кога судијата му дозволи да зборува.

    Козби беше прогласен за виновен за сексуален напад врз поранешната кошаркарка Андреа Констанд, која ја дрогирал и силувал во 2004 година.

    „Господине Козби, вие го злоупотребивте нејзиниот прекрасен здрав млад дух и го уништивте. Вие сте насилен сексуален предатор“, кажа судијата Стивен О‘Нил.

    За овој случај се дозна во јуни 2017 година, кога Констанд откри дека Козби, кого го сметала за свој ментор, ѝ дал апчиња од кои се парализирала и не можела да се одбрани од нападот. Таа кажа дека по нападот не можела да јаде, спие и да се дружи.

    Козби потоа го обвинија уште две жени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира